Нимиц денеска во Атина на средба со Венизелос

Од:

Медијаторот на ОН Метју Нимиц денеска во Атина ќе се сретне со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Грција Евангелос Венизелос.

Како што претходно јави МИА, медијаторот не доаѓа со нов предлог за решавање на прашањето за името, туку со последниот од април годинава. Засега не е познато дали Нимиц има нови аргументи со кои ќе се обиде да ги доближи ставовите на Македонија и Грција, или да ги помести црвените линии на Атина.

Не случајно, грчкиот премиер Андонис Самарас изминатиот викенд во својот говор на отворањето на Меѓународниот саем во Солун рече дека „Грција нема да преговара за историскиот идентитет на грчка Македонија“. Оваа негова изјава се толкува како директна порака до ОН и Македонија дека официјална Атина не планира да попушти во спорот за името.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски