Николовски: За незаконските одлуки поднесовме Кривична пријава против судијката Поп Стефанија

Од:

Денеска, СДСМ поднесе Кривична пријава против судијката Александра Поп Стефанија.
Одлуката на Поп Стефанија, да се прогласи СЈО ненадлежно околу случајот за уништување на опремата за незаконското прислушување е спротивна на законот. Во име на владеењето на правото и законите, одговорност за незаконски одлуки мора да има, вели Љупчо Николовски, член на ИО на СДСМ.
 
Затоа што никој не е над законите. Поп Стефанија е незаконски назначена во Одделот за организиран криминал, спротивно на одлуката на Судскиот совет да суди во Одделот за прекршоци, спротивна на Законот за судовите и Правилникот за работа на судот.
 
Заради неправилности и незаконитости на решението на Поп Стефанија со коешто го прогласи СЈО за ненадлежно, Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 треба итно да го укине.
 
Потсетуваме на обврската на Судски совет да поведе постапка за нестручно и несовесно работење против судијката Александра Поп Стефанија што донесе решение спротивно на законот.
 
Исто така, Судскиот совет има обврска да поведе постапка за нестручно и несовесно работење и против претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, заради флагрантно кршење на прописите.
 
Овие незаконски одлуки се очигледен обид да се одбрани криминалната власт од правдата и законите. Ништо друго.
 
Но, нема бегање од правдата.
 
Правда ќе има. Секој што го прекршил законот ќе одговара!
 
Нема спас за Никола Груевски и неговото криминално друштво.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он