Николовски за дивоградбите: Не можеме 50.000 семејства да ги оставиме без покрив над глава

Од:

Не смееме 50 илјади граѓани, семејства да ги оставиме без покрив над глава и ние мора да носиме одлуки, решенија на проблемите кои се генерациски, кои некој ни ги остави. Како што беше прашањето со името и многу други за кои влегуваме во нивно решевање и во овој поглед решенијата се или рушење на дивоградбите или соодветна правна законска рамка.

dobivaj vesti na viber

Ова денеска го изјави вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски одговарајќи на новинарско прашање откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.

Николовски рече дека сега слуша оти шефот на државата не го потпишал Указот.

-Секако дека СДСМ ги штити сиромашните, ранливите категории и во ниту еден случај нема да ги руши тие објекти. Меѓутоа треба низ соодветна постапка со вклученост на сите да се наоѓаат законски, легални и соодветни механизми на решавање на ова и на многу други прашања кои ни ги оставиле во наследство храбро да ги решаваме и да ја трасираме оваа земја напред, нагласи Николовски.

Според него, формално-правно е прашањето што понатаму, како и со кој било друг закон.

-Кога претседателот нема да го потпише, се враќа во соодветна процедура, владина или собраниска и секако дека сите забелешки во секој поглед треба да бидат земени предвид при носењето на новите одлуки и законски решенија, изјави Николовски пред вакциналниот пункт на спортската сала „Борис Трајковски“, каде ја прими првата доза на вакцина за заштита од коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Бочварски очекува до крајот на годинава да биде готово предлог решението за новиот закон за градење

Ана Ололовска

Законот за дивоградби помина на ЕНЕР, Министерството ќе ги разгледува забелешките

Ана Ололовска

Премиерот Заев најави дека ќе продолжи отстранувањето на дивоградбите од крајбрежјето на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Бочварски: Новиот закон за легализација е во постапка на прикачување на ЕНЕР

Ана Ололовска

Владата сега е опремена со сите можни планови и стратегии за борба против корупцијата

Жарко Настоски

ДЗС: Лани регистрирани 685 бесправно изградени објекти

Ана Ололовска