Николовски со нови обвинувања за „јазлеста кожа“

Од:

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска повторно ги обвини надлежните институции за, како што наведува во соопштението, задоцнето и непрофесионално справувањето со болеста „јазлеста кожа“.

Николовски апелира, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Поповски секојдневно да ја информира јавноста за состојбата со болеста и што поскоро да почне обесштетувањето на сточарите.

– Додека сточарите во паника ги бројат загубите во млеко и добиток и ги чекаат вакцините за да ги заштитат здравите животни, АХВ дава нејасни изјави, дали вакцините се набавени и кога ќе почне вакцинирањето. Интересот за овие вакцини е голем од земјите во кои е појавена и присутна болеста, но и од други европски земји во кои се уште не  е потврдена поради што се прават резервации кај производителот и се чека на ред за испорака, наведува дополнителниот заменик-министер.

Според него, надлежните треба да кажат зошто не реагирале навреме и зошто досега не обезбедиле вакцини. – Одговорност за ваквиот аматеризам мора да има. Штетата е голема и болеста опасно се шири токму поради задоцнетата реакција на надлежните институции, стои во соопштението од Кабинетот на Николовски.

Би можело да ве интересира

АХВ на граница запре над 23 тони замрзнато пилешко од Бразил

Горан Наумовски

Миланов: Млечните производи со несоодветни декларации се безбедни, но со нарушен квалитет

Контролите открија измами: Сирење со 1% млечна маст се продавало како производ со 20%

АХВ: Нема небезбедна бебешка храна од HiPP на македонскиот пазар

Контроли на АХВ: Казни, уништена небезбедна храна и спречен шверц на јајца

Горан Наумовски

Стоп за ризична пратка: АХВ не дозволи влез на јагнешка кожа од Албанија