Николовски ќе се обрати на министерскиот состанок во Словенија

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ќе има обраќање на министерскиот состанок во Брдо кај Крањ, Словенија, кој се одржува во рамки на 12. Форум за агро-трговија и економска соработка меѓу земјите од Централна и Источна Европа и НР Кина.

Како што соопшти Министерсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), безбедноста на храната, надминувањето на нетарифните бариери и зголемувањето на трговијата со земјоделско-прехранбени производи, се само некои од темите на состанокот.

Министрите за земјоделство од Централна и Источна Европа и од НР Кина ќе ја промовираат иницијативата „16+1“ во која е вклучена и Република Македонија. Целта е јакнење на билатералната и мултилатералната размена, како и давање заеднички одговор на главните предизвици за натамошен развој на трговијата со земјоделски производи меѓу Кина и Централна и Источна Европа.

Форумот е во рамки на 55. Саем за храна и земјоделство „AGRA FAIR 2017“ што се одржува во Горња Радгона, Словенија. Годинава во фокусот е продлабочувањето на соработката во истражувањето и развојот, како и размената на добри земјоделски практики за одржливо земјоделство и преработувачка индстрија. Земјите-учеснички ќе ги соопштат своите планови за заеднички активности на национално и интернационално ниво за фер и транспарентна глобална трговија, како и за подобро функционирање на синџирот за снабдување со храна.

Во сабота, министерот Николовски ќе го посети „AGRA FAIR 2017“ во Горња Радгона. Овој Саем е еден од најголемите и најзначајни за храна и земјоделство во Централна Европа. Се очекува да се претстават повеќе од 1.700 изложувачи од 30 држави во светот. Земја партнер е Кина.

За Република Македонија, како дел од иницијативата „16+1“, е обезбеден промотивен простор на саемот од девет метри квадратни на кој МЗШВ ќе се претстави со органско земјоделско производство, како еден од секторите кој има голем потенцијал за развој. Свои производи ќе изложат шест фирми кои произведуваат: ајвар, сирење, мед, марамалд, овошје, колачи. Нивниот настап и промоција ќе биде реализиран со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) и со поддршка на Владата на Словенија која го обезбеди бесплатниот штанд.

Во рамки на Саемот е планирано министерот Николовски да оствари средби со високи владини претставници од земјите од Централна и Источна Европа.

Би можело да ве интересира

Филипче најави тужба за клевета против Николоски – го нарече „кафански озборувач“

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

(ВИДЕО) Николоски: Очекувам двојна победа, победа на претседателските избори и победа на парламентарните избори

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата