Николовски и Ацевски: Соработката со ДЗР е значајна во борбата против корупцијата и криминалот

Од:

​Денеска заменикот на претседателот на владата задолжен за борба против корупција и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски имаше работен состанок со Главниот државен ревизор на Република Северна Македонија, Максим Ацевски. На состанокот беше потенцирана важноста на соарботката со Државниот завод за ревизија во борбата против корупцијата и криминалот.

„Соработката со Државниот завод за ревизија е од исклучитечно значање во целокупната борба против корупцијата и криминалот и тоа не значи намалување на независноста на ДЗР туку употребување на професионализмот и инворфмациите за наврмеено постапување по ревизорските наоди од страна на надлежните институции. Професионалниот капацитет на оваа институција е важен за рационално користење на буџетските средства и спречување на злоупотреба, и овој пристап е вграден во последните владини одлуки за ограничување на службените трошоци за угостителски услуги и за користење на службени возила“, рече вицепремиерот Николовски

На денешниот состанок вицепремиерот Николовски и главниот државен ревизор Ацевски разговараа и за реализацијата на мерките од Планот за борба против корупција, како и за потребата од активирање на Ревизорскиот комитет во склоп на Владата.

“Не секогаш треба да се ревидираат само расходите направени од буџетот на државата. Приходите се подеднакви важни. Со ваквиот пристап Државниот завод за ревизија со својата работа допринесе за влевање во буџетот на државата на 10 милиони евра во минатата година. На тој начин нашата работа има додадена вредност и за буџетот на државата и за граѓаните”, рече главниот ревизор Ацевски.

Вицепремиерот Николовски посочи дека наодите од ревизроските извештаи во кои се нотираат незаконско работење на институци се добар патоказ за надлежните институции за понатамошно постапување и дека секој ревизорски извештај детално се разгледува и на владините седници.

Би можело да ве интересира

Агенција за филм: Извештајот на ДЗР се однесува до крајот на 2024, голем дел од проблемите се надминати

Николовски: Срамен и скандалозен „одговор“ на Трипуновски за мега – скандалот со ИПАРД средствата

ДЗР со неповолно мислење за објективноста и законитоста на финансиските трансакции во прилепската болница

Предраг Петровиќ

Николовски: Над 130 милиони евра во мирување по скандалот со ИПАРД, СДСМ предлага решение за деблокада

Николовски: Мега-скандалот со ИПАРД се потврди, ќе поднесе ли сега конечно Трипуновски оставка

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски не е релевантен да говори за тема корупција, тој е корупцијата во земјоделството