Николовски: АХВ потврди дека знаела за болеста и не презела ништо

Од:

„Одговорните лица во МЗШВ и Агенцијата за храна и ветеринарство потврдија дека уште минатата година имале сознанија за појавата на болеста „Чвореста кожа“ во регионот и не превзеле ништо да се спречи ширењето.

Потврдија дека уште минатата година не обезбедиле финаниски средства за моментална исплата на оштетените сточари, не ги советувале сточарите како да се справат или пак спречат појавата на болеста, не издале упатство, не подготвиле флаери.

Едноставно, иако знаеле за болеста сепак ги затекнала и изненадила.

Агенцијата потврди дека со вакцинацијата ќе се отпочне дури на 20 Мај оваа година. Зошто се чекало досега? Што дотогаш? Што да прават сточарите? Особено имајќи го предвид потребното време за вакцинација за да се покрие целата територија на РМ.

Тоа е неодговорно и непрофесинално работење на штета на сточарите.

Дополнителна потврда е тоа што дури сега се обезбедуваат еден милион евра финансиски средства за набавка на вакцини.

Скандалозно, додека милиони евра завршуваат во џебовите на фамилијата и медиумите под контрола на ВРМО-ДПМНЕ Агенцијата нема пари за спроведување на активноста како и за надокнадата на штетата кон сточарите за убиените 132 грла на заболни животни.

Очигледно оштетените сточари нема да бидат обештетени навреме. Идентично како и при појавата на болеста „Син јазик“ кога дури после две години имаше обештетувања а накои сточари не се исплатени ни до ден денес.

Затоа, уште еднаш барам веднаш да бидатат исплатени парите за уништените животни на сопствениците и веднаш да бидат подмирени долговите на ветеринарните друштва.

За неподготвеноста, за нанесените штети на сточарите и за оваа хаотична состојба одговорност мора да има“, се вели во соопштението на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

АХВ: Се повлекува чоколадото „милка орео“, во него е пронајдена пластика

Орце Костов