А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Видео Македонија

(ВИДЕО) Николовска: Осомничените нема да се спасат од одговорност и покрај правното мислење за СЈО

by А1он05/02/2019 - 14:4805/02/2019 - 15:38183
Share0

Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска смета дека Врховниот суд не e тој кој треба да дава начелно мислење со кое треба да запрат постапките на Специјалното јавно обвинителство, туку Собранието кое е надлежно да го толкува законот, бидејќи тоа го има донесено.

Добивај вести на вибер

„Моја прва реакција беше дека Врховен суд во дадената ситуација преку барање на адвокати, зашто нема разлика во судска пракса не е надлежен да постапува во таа насока. Затоа доколку има некаков проблем со толкување на законот, потребно е да се побара толкување од собранието, а доколку има проблем од аспект на квалитетот треба да се пред Уставен суд. Дури сега е очигледно дека одредени лица смогнале снага и храброст,тоа да го напрват.За 18 месеци ваква пасивност од сите страни е недозволива и ако некој смета дека со ова начелно мислење одредени лица ќе бидат ослободени од одговорност тоа ќе биде катастрофа за Макеоднија. Факт е дека Собранието го донело и најдобро го познава духот на законот и затоа тоа најдобро може да одговори на поставеното прашање“, рече Цаца Николовска.

Николовска, смета дека сите истражни постапки за предмите на СЈО треба да се довршат, а сосомниченените да сносат кривична одговорност.

„Правниот систем во Македонија треба да продолжи со истражните постапки на предметите кои СЈО не успеа да ги доврши. Факт е дека сите политички партии се согласија за формирањето на ова обвинителство. Тоа е голем и јак елемент за негово постоење. Со негово минизирање сега, јас се согласувам дека СЈО е мртво, сепак нема да може да се ослободат од кривична одговорност на овој начин“, додава таа.

Вера Коцо, поранешен судија, пак, смета дека начелното мислење на Врховен суд сепак ќе има влијание врз одлуките на судиите.

„Ова мислење според мене е штуро без она што значи помош од судовите во примена на законите.Но, сепак бидејќи е донесено од највисок орган ќе има влијание на пониските судови во смисол на прејудицирано решавање на споровите. Ни еден судија нема да се осмели да размислува различно од она што го дал Врховен, со исклучок на судии кои држат до својот интегритет и ќе размислуваат поинаку од начелното мислење“, додава Коцо.

Габриела Димковиќ-Мишевска

sjosudstvo

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Горан Наумовски12/02/2026 - 13:20

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 09:24

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски30/12/2025 - 17:0430/12/2025 - 17:33

СДСМ: Преземање на судството, неуставна Резолуција и Катица во функција на власта се дел од исто сценарио

Горан Наумовски18/12/2025 - 16:52

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје

Предраг Петровиќ12/12/2025 - 20:11

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

Горан Наумовски21/11/2025 - 16:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен