Николова: Со глас за европската коалиција граѓаните ќе спречат враќање на режимот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Клучното прашање на овие избори е одлуката за европската иднина на државата.Овие денови се потврди, во ДПМНЕ нема никаква промена. Тоа е истата режимска партија од минатото, со која е можно само враќање назад во изолација вели пратеничката на СДСМ Даниела Николова.

– Нервозата во белата палата се манифестира со брутално апсење новинари и обид за замлчување и заплашување, исто како во мрачното време на режимот и ВМРО-МВРО. Пропагандата, злоупотребите на медиумите, пласирање лажни вести и нарачани анкети за манипулирање на граѓаните се добро познатите методи на Никола Груевски, кои сега ги спроведува Христијан Мицкоски. Со ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа. Тоа може да го спречат граѓаните на изборите на 24 април а потоа и на 8 ми мај. Со глас за Коалицијата за европска иднина и Стево Пендаровски граѓаните гласаат за членство во ЕУ, за слобода, демократија и европски животен стандард, рече Николова.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он