Николова: Две години локална власт, Муцунски и ДПМНЕ ги изневерија граѓаните на Аеродром

Од:

Поминаа две години, половина од мандатот од кога локална власт во Аеродром ја предводат Тимчо Муцунски и ДПМНЕ. Заклучокот за нивната работа е поразителен: ДПМНЕ ги изневери граѓаните. Нема проекти. Нема резултати, вели пратеничката на СДСМ Даниела Николова.

– Иако наследи полна општинска каса сепак листата на нереализирани, а ветени проекти на ДПМНЕ и Тимчо Муцунски за Аеродром е многу долга. Ги нема четирите нови градинки во населбите Мичурин, Острово, Лисиче и Долно Лисиче. Го нема ни долго најавуваниот парк Радост на 6000 метри квадратни. Ги нема ниту новата гимназија, новиот мултифункционален центар со простории за младински центар, новата општинска зграда, како што ги нема и новиот СЦ Пирин и спортската сала во Долно Лисиче. А, ја нема ни кино салата и театарската сцена во Ново Лисиче. Исто така го нема ниту ветениот музеј на МЗТ. Муцунски вети зголемување на еднократната помош за новороденче од 8.000 на 20.000 денари, стипендии за млади таленти, но и тие се само дел од многуте ветени лаги, исто како што е и лагата легализација на сите објекти на територија на општина Аеродром. Тимчо Муцунски и ДПМНЕ ги излажаа аеродромци, рече Николова.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Муцунски: Мораме да најдеме решение за предизвикот со Бугарија

А1он

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

Радман: С. Македонија е подготвена и заслужува членство во ЕУ многу брзо

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана