Николов: Меџити да одговори колку „Онкологии” има во комплексот клиники Мајка Тереза

Од:

Министерот за здравство, Фатмир Меџити очигледно не го интересира работењето на јавните здравствени установи. И додека тие се распаѓаат во секоја смисла, за него поважни се турнеите низ светот, како што му е важно да си игра министер за надворешни работи. Празните флоскули во неговите соопштенија за таквите патувања низ светот јасно покажуваат дека Меџити не го интересира функционирањето на здравствениот систем. Уште помалку е заинтерсиран за бенефитот на здравствените работници и функционирањето на здравствениот систем, вели Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

– Меџити во духот на транспарентноста со која што им се полни устите, а во пракса гледаме нула отчетност треба да даде одговор или јавно да ги објавени извештаите од надзорите за почеток од работата на следните институции: Институтот за трансфузиона медицина, Универзитетските клиники трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар познато како ТОАРИЛУЦ, Клиниката за кардиологија, Клиниката за хематологија и Клиниката за ревматологија, вели Николов

Тој побара од спасовски одговори на неколку прашања.

– Прво, кога и колку надзори во овие пет установи извршиле и контролирале надлежните институции. Или кога и колку контроли направило Министеството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Државниот завод за ревизија и Државниот санитарен и здравствен инспекторат? Второ, доколку имало контроли на работата што е констатирано од надлежните институции и да се објават забелешките? Трето, дали и што преземало Министерството за здравство и другите надлежни институции за да ги отколанат аномалиите кои што се случуваат во овие организации? Меџити треба да одговори колку „Онкологии” има во комплексот Клинички центар Мајка Тереза, а не да дозволува да се заташкуваат работите како што е во случајот со Клиниката за онкологија. Укажуваме до надлежните институции меѓу кои и Државниот завод за ревизија за потребата од контрола на работатата на сите здравствени институции, а за почеток на гореспоменатите институции, рече Николов.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Во 2025 година дијагностицирани 1.000 нови пациенти со рак на дојка

А1он

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче