Николоски: СДСМ го штити и брани однесувањето на Џафери за ДУИ да не им излезе од влада

Од:

Катастрофа, недостоинствено, срам и брука, тие се зборовите, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање како го опишува однесувањето на собранискиот спикер Талат Џафери.

Николоски потенцираше дека СДСМ само за да не им излезе ДУИ од влада го бранат однесувањето на Талат Џафери.

Факт е дека СДСМ секое сабајле и секоја вечер се моли ДУИ да не им излезе од влада затоа што знаат дека единствен начин за да одложат за неколку месеци торнадо е да им остане ДУИ во влада и затоа се спремни да го бранат Талат Џафери до последно, рече Николоски.

За карактерот на Талат Џафери најдобро зборува начинот на кој што беше избран, на човек би требало да му е срам да е избран на таков начин не би требало да се нафати на функцијата, тој си ја води функцијата. Така што нема ни срам ни морал. А уште помал морал од него имаат овие од СДСМ кои што го штитат, изјави Николоски.

Би можело да ве интересира

Нема потреба од паника во СДС, за сега не планираме да им земеме некој од коалицијата Левица – СДС – ДУИ, но нека кажат дали ќе се откажат од технички премиер од ДУИ

Николоски за Пендаровски: Тој е политичар фарса, лажна величина, по кој знае кој пат е фатен во лага

ВИДЕО: Бeса не поддржува модел со една, туку со три изборни единици

А1он

(ВИДЕО) Николоски: Постои огромна загриженост за регуларноста на претседетелските избори, притисоци, уцени, полнење на кутии