Николоски: Оваа влада нема легитимитет, следува пеколен период на соочување со гневот на народот

Од:

Оваа влада на Ковачевски е континуитет на корумпираната влада на Заев која граѓаните ја казнија на избори, влада која донесе економско опустошување, континуирана ситуација на дневно поскапување, губење на работни места и економско тонење, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Александар Николоски на денешната собраниска седница на која се дискутира за избор на нова влада, при што додаде дека со оваа влада корупцијата цвета и воедно ни носи национално понижување.

– На неодамнешните избори јасно беше кажано од Заев дека се „all in“ и избори на кои се одлучува за легимитетот негов, неговата влада и партија и народот жестоко го казни. Ние сме денес овде затоа што поразена е секоја политика на Зоран Заев, ние сме овде затоа што народот жестоко ги порази националните понижување, жестоко ја порази корупцијата, неспособноста и економските потфрлувања. Затоа Зоран Зоран заминува, но немаше храброст да ја извади својата партија на соочување со народот за генералниот концепт по кој државата треба да се движи. Скоро и да нема пример да вака вештачки се бега од народот, рече Николоски.

Тој истакна дека соочување со народот е потребно, народот треба да каже дали се согласува со овие политики.

– Сега се соочуваме со најголемиот срам во историјата на постоењето на македонската демократија, а тоа е да се киднапира пратеник кој се појави после пет дена. Денес имаме влада без легимитет, влада на стари ликови, на континуитет која не може да се покаже како нова, а клучните ресори ќе ги водат истите луѓе. Оваа влада не може да понуди нови политики. Нивните политики не може магично да се сменат. Затоа гледаме кавга во јавноста за префрлување на одговорност во однос на извесното национално предавство во односите со Бугарија, нагласи Николоски.

Тој додаде дека видовме како корупцијата продолжува цвета, и кога во криза се предлагаа мерки Заев единствено што направи беа два големи тендери во РЕК Битола во 4 очи од 25 милиони евра.

– Тој континуитет на корупција го продолжуваат истите кадри кои остануваат во оваа влада. Ова е влада која нема визија за економија, која не донесе странски инвеститори и нема визија како да го подигне стопанството, изјави Николоски.

Николоски се обрати кон помалите политички партии кои ја поддржуваат оваа влада како ДОМ, ЛДП, НП, ДС и посочи дека зошто ја поддржуваат одговорот е или се уценети или се криминализирани па немаат избор.

– Ваквото понижување кое на себе си го правите нема друго образложение. Затоа ве поттикнувам сами да излезете на следни избори да видите што мисли народот за вас затоа што поддржувате ваква влада и вакви политики, потенцираше Николоски.

Тој посочи дека ова е влада која четири години лаже за почеток на преговори и процесот на евроинтеграција го злоупотреби како ниедна друга земја.

– Викаа ќе имало датум во декември, па во јануари. Во декември датум немаше, а јас лично ви кажав дека во јануари може да има датум за скијање и тоа се случи. Да така безобразно се лаже македонската јавност е врв на поигрување и потценување со националните интереси.

Оваа влада нема решенија за битката со корупцијата, економската и енергетската криза и европските интеграции. Затоа единствено решение за брзи предвремени избори. Сето останато е бегање од народот. Следува пеколен период на соочување со гневот на народот. Промените доаѓаат и ќе се случат побрзо отколку што мислите. Нема да ја поддржиме оваа влада, а следниот период да се гледаме и во институциите, но и надвор на улиците и заеднички да стигнеме до предвремени парламентарни избори кои ќе значат промени во Македонија, рече Николоски.

Би можело да ве интересира

Николоски: Во прилепско Канатларци кое Пендаровски не знае каде се наоѓа, го решивме проблемот со водоснабдувањето

Николоски: Дали СДС, Ковачевски и Пендаровски го плаќаат консултантот Еисин со пари од кешот што го извлекувале од тендерите со РЕК

Николоски: Пендаровски призна дека се среќавал со контроверзниот консултант Асаф Исеин

Катерина Ѓуровски

Николоски: Каде Пендаровски ја донира покачената плата и дали ќе се откаже од привилегиите зошто ќе загуби

Николоски: Го осудувам нападот на Ковачевски врз медиумите, ги повикувам граѓаните да ја следат кампањата и да видат со какви луѓе имаме работа

Николоски: Се уште не сме разговарале за коалицирање пред претстојните избори