Николоски на средба со австралискиот пратеник и министер Мајк Кели

Од:

Преставникот на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) за Канбера и Квинбеан во Австралија, Мартин Николоски оствари средба со новиот австралиски министер за одбранбен материјал почесниот Мајк Кели, во канцеларијата наменета за неговото гласачко тело во Квинбеан.

Д-р Кели е пратеник во федералниот преставнички дом на Едем-Монаро, каде живеат голем број Македонци со потекло од Охрид, Струга, како и од други делови на Македонија и Балканот.
Николоски појаснува дека министерот Кели ужива голема поддршка од страна на македонската заедница во Австралија. Тој ја поддржува австралиско-македонската парламентарна група за пријателство и има остварено средби со бројни македонски делегации.

Според Николоски, министерот Кели е свесен за важноста на стабилноста во Балканот, како и на добрите односи помеѓу Австралија и Македонија со создавање контакти помеѓу државјаните, но и помеѓу институциите на двете земји. Министерот Кели, во таа насока го потенцира и значајниот придонес на Макеоднија кон мировните мисии во Босна и Херцеговина, Косово, Ирак и Авганситан.

– На средбата со министерот Кели е разговарано за зајакнување и продлабочување на односите помеѓу Австралија и Македонија, како и помеѓу австралиската влада и македонската заедница во Австралија, рече Николоски.

Исто така, министерот Кели добил покана наскоро да ја посети Македонија со цел одблиску да се запознае со македонските институции, но и со напредокот што Македонија го има постигнато по осамостојувањето во 1991 година.

Обединетата македонска дијаспора работи во партнерство со сите сегашни и потенцијални австралиски пратеници од целиот политички спектар врз основа на нивната заложба за негување поблиски врски со Република Македонија и македонската заедница во Австралија.

Би можело да ве интересира

ОМД бара Ескобар да се заложи за правата на Македонците во Бугарија

Конгресменката Слоткин се приклучи на групата за пријателство со С. Македонија во Конгресот

Ана Ололовска

Македонската дијаспора ѝ пиша писмо на Урсула вон дер Лајен: Отворете ги преговорите со Македонија

Жарко Настоски

ОМД бара од Бајден нов американски фокус за економски развој на Балканот и Македонија

Жарко Настоски

Обединета македонска дијаспора: Барањата на Бугарија се непристојни и неконструктивни

Жарко Настоски

ОМД е длабоко разочарана од одлуката за претворување на цариградската Света Софија во џамија

Ана Ололовска