Николоски и Караџов во четврток ќе го потпишат договорот за меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8

Од:

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Република Бугарија, Гроздан Караџов во четврток ќе го потпишат Договорот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8, информираат од Министерството за транспорт.

На потпишувањето кое ќе се случи на железничката станица Ѓуешево, предвидено е да присуствуваат претставници на Европската комисија, претставници на НАТО, претставници на САД,на Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој, како и претставници на Светска банка.

Изградбата на железничкиот тунел, велат од Министерството, ќе претставува меѓугранична точка на двете држави на Коридор 8. Проектираната должина на тунелот е околу 2,4 км, од кој 1,2 км се наоѓа на територијата на државава.

-Изградбата на железничкиот Кориодр 8, покрај економското значење за Македонија и регионот, има и безбедносно значење во рамки на НАТО Алијансата. Во таа насока, на источниот Коридор 8 веќе е изградена и пуштена за сообраќај пругата од Куманово до Бељаковце, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

Делницата од Бељаковце до Крива Паланка е во фаза на изградба, а интензивно се работи и на подготовка за третата делница од Крива Паланка до границата со Република Бугарија која во продолжение ќе го опфати и тунелското решение.

Би можело да ве интересира

Објавен тендер за надзор на изградбата на третата фаза од пругата кон Бугарија

Тендери без крај, енормно зголемена вредност, 13 експерти платени колку 92 работници – ЦГК објави три спорни случаи

Бугарија го ратификуваше договорот за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Николоски: Изградбата на Коридорот 8 напредува без политички блокади

Потпишан договорот за тунелот од пругата Македонија-Бугарија од Коридорот 8

Бугарија објави тендер за последните 2,4 километри од железницата од Ѓуешево до Деве Баир и за делницата Софија – Радомир

А1он