Објавен тендер за надзор на изградбата на третата фаза од пругата кон Бугарија

Од:

Објавен е тендерот за избор на надзор за третата фаза од пругата кон Бугарија, а за 10-ина дена треба да биде објавен и тендерот за избор на изведувач, со што во текот на летото ќе почнат работите на терен – изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред состанокот за активностите и плановите за проектите на Коридорот 8, кој се одржува во соработка со претставници на Делегацијата на Европската унија во Скопје.

Николоски најави дека на состанокот ќе се разговара и за западното железничко крило на Коридорот 8, како и за проектите за изградба на автопатските делници на овој коридор, кои, потенцира, се одвиваат добро.

– Изградбата на железничкиот и патниот дел од Коридорт 8 ќе чини 5 милијарди евра. Државата покажува дека може да спроведува големи инфраструктурни проекти – рече Николоски.

Бен Нупнау од Делегацијата на ЕУ посочи дека Коридорот 8 е стратешки проект со придобивки за граѓаните и државите истакнувајќи го неговото безбедносно значење во услови на геополитичка криза.

– Состанокот е потврда за заложбата на Владата за спроведување на проектите од Коридотот 8, посочи Нупнау.

Би можело да ве интересира

Бугарија го ратификуваше договорот за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Потпишан договорот за тунелот од пругата Македонија-Бугарија од Коридорот 8

Николоски и Караџов во четврток ќе го потпишат договорот за меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8

Бугарија објави тендер за последните 2,4 километри од железницата од Ѓуешево до Деве Баир и за делницата Софија – Радомир

А1он

Николоски раскажува приказни за добра ноќ, каде е да го потпише договорот, реакција од Бугарија за Коридорот 8

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Николовски повторно фатен во лага, немало никакви преговори за Коридорот 8