Николоски: ДУИ се враќа на корените, во 2001 година тие стартуваа како зелена партија од планините на Македонија

Од:

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар за најавите на Али Ахмети дека ДУИ станува зелена партија, рече дека во недостиг на проекти и идеи, владејачката коалиција СДСМ-ДУИ се занимава со ПР-алатки, како и дека ДУИ се враќа на корените односно како што истакна тој ДУИ и така стартувала во 2001 година како зелена партија од горите и планините на Македонија.

„Очигледно е дека во недостаток на свежи идеи на владејачката коалиција СДСМ – ДУИ единственото што се занимава се ПР-алатки, односно три дена одат во стилот на оние познати кампањи на големи мултинационални компании кога нешто најавуваат, кога сите очекуваат што ќе е тоа, па билборди без текст се ставаа во градот само со одредена боја, па после тоа имаше еден збор итн. Видени финти, нема друг збор освен финти. Видени финти кои што не поминуваат кај гласачите. ДУИ веќе нема свежи идеи што да понуди на граѓаните, потоната во сопствените проблеми, во криминалот и корупцијата и си се враќа на корените, имено тие стартуваа некаде во 2001 година токму како зелена партија од горите и планините на Македонија, така што очигледно се враќаат на корените“ – вели Николоски.

изјави Николоски.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

Вреди: Груби брза кон целосно соборување на Али Ахмети

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски