Претседателот на Србија, Томислав Николиќ утре пристигнува во тридневна работна посета на Македонија.
Според најавената агенда, Николиќ утре ќе има работна средба со својот домаќин Ѓорѓе Иванов, а за следниот ден е најавена средба со премиерот Никола Груевски и спикерот Трајко Вељаноски.
На третиот ден од посетата на Николиќ на Македонија, тој заедно со Иванов ќе го посетат југот на Македонија, и ќе бидат специјални гости на манифестацијата „Валандовска ракијада“, а потоа Николиќ и Иванов ќе посетат две винарии.