Никола Мицевски: Се потврди дека власта нема мнозинство за уставни измени, следен чекор е да го распушти ова Собрание

Од:

После цела година сеење магла од власта излезе на виделина дека нема двотретинско мнозинство за уставни измени, а надвор над 80% од народот се противи на измени под бугарски диктат, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски после седницата за отворање на уставот која Талат Џафери ја прекина.

– Денес се соочија со интегритетот и суверенитетот на Македонија од една страна и инаетот и ароганцијата од друга страна. Уставни измени не се прават врз основа на диктат од надвор. Тоа е газење на достоинството на државата и газење на суверенитетот бидејќи народот е суверен, а тој кажа не.

Тие ги етикетираат сите кои размислуваат поразлично од нив, дека се неевропски. Оваа власт е развластена и ќе ја казни народот на избори. Оваа власт е продолжниот кабел кој ја изгоре Македонија и е апатија која ги брка граѓаните.

Уставни измени нема, но избори мора да има. Следно што оваа власт треба да го направи е да го распушти ова Собрание – рече Мицевски.

Претходно собранискиот спикер Талат Џафери ја прекина работата на седницата за уставни измени.

– Констатирам дека претресот е завршен. Ја прекинувам работата со оваа седница, а за продолжувањето ќе бидете дополнително известени – рече претседателот Џафери.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, пред говорот на координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески кој беше последен пријавен за збор, претходно побара од Џафери да не ја прекинува седницата и да ја стави точката на гласање за да се види колку пратеници има власта за отворање на Уставот.

Би можело да ве интересира

Гир: Очекуваме спроведување на уставните измени за продолжување на патот на земјата кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Османи: Уставни измени веднаш по изборите пред формирање влада

Орце Костов

Координатор во Влада поплатен од министер: Функционерите ќе имаат високи плати и покрај намалувањето

Орце Костов

Мицевски повика итно да се донесат измените на Законот за патни исправи

Мицевски: Проблемот со испразнетото место во ДИК ќе се надмине, еден од кандидатите ги повлекол документите

Има 20 потписи за свикување итна седница, денес може да се изгласаат измени за возачките и личните карти

Орце Костов