Никола Груевски – некогаш миленик на „странците“, денес главни непријатели

Од:

Во интервју за Дојче Веле, лидерот на ВМРО – НП, Љубчо Георгиевски, изјави дека при изборот на нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ во 2003 година, пратеникот Влатко Ѓорчев му порачал дека го сака и почитува, но „странците“ биле на страната на Никола Груевски, односно тој да застане на лидерската позиција на партијата.

Од тогаш, Груевски со помош на меѓународната заедница станува лидер на ВМРО – ДПМНЕ, партијата која три години по неговиот избор станува владејачка партија во Република Македонија се до изборите на 11 декември минатата година. Во овој временски период додека Груевски владее со своите сопартијци, мислењето на странските амбасадори и не му значи премногу.

Неколку години по доаѓањето на власт, Груевски започнува политичка и дипломатска војна со амбасадорите и меѓународната заедница кои ги осудуваат чекорите кои тој ги прави при неговото владеење. Оваа условно кажано војна ја достигна својата кулминација кога самиот Груевски излезе на протестот пред Државната изборна комисија по изборите на 11 декември, каде пред јавноста го презентираше Прогласот донесен од страна на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Со овој Проглас, партијата која до тој момент беше на власт соопшти дека нема да дозволи „аболицираниот криминалец“ Зоран Заев да формира влада, како и функционирање на институциите со фалсификувана волја на граѓаните.

Но, една точка од Прогласот на ДПМНЕ доби посебно внимание од страна на јавноста. Тоа е делот во кој се вели дека некои амбасадори почнале премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата.

-Тоа мора да запре. Остануваме отворени за комуникација со сите амбасадори и претставници на други држави, но, некои амбасадори кои почнаа премногу да се мешаат во нашата внатрешна политика, мора да престанат да го прават тоа, стои во Прогласот на ВМРО-ДПМНЕ.

По изборите, Претседателот Иванов му го предаде мандатот на Груевски кој не успеа да состави Влада во дадениот рок според Уставот, па за тоа ги обвини амбасадорите и меѓународната заедница која според него, издејствувала албанските партии да не се согласат на нова коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов

Мицкоски: Преписката со Груевски не ме прави среќен, но нема да прифатам валкани сценарија за промена на Уставот

А1он