Никола Димитров – министер за надворешни работи

Од:

Новиот министер за надворешни работи Никола Димитров е роден на 30 септември 1972 година во Скопје.

Како што е наведено во биографијата доставена со предлог-составот за владата, Димитров доаѓа од позицијата надворешен експерт при Меѓународниот центар за правна соработка, Хаг, Кралство Холандија. Од 2014 до 2017 година е истакнат член на Хашкиот институт за глобална правда, Хаг, Холандија, од 2011 година до денес е член на Постојаниот суд за арбитража, Хаг, Кралство Холандија, од 2009 до 2014 година е вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Хаг, Кралство Холандија и постојан претставник на Република Македонија при Организацијата за забрана на хемиско оружје. Од 2008 до 2011 година е Ко-застапник на Република Македонија пред Меѓународниот суд на правдата (Примена на Времената спогодба од 1995 година), од 2007 до 2008 бил специјален пратеник на Владата на Република Македонија за европски и евроатлантски интеграции во Брисел, Кралство Белгија, од 2006 до 2009 Национален координатор за интеграција на Република Македонија во НАТО. Димитров од 2003 до 2008 година беше специјален пратеник на Република Македонија во разговорите за надминување на разликата околу името со Република Грција под покровителство на Обединетите Нации, а од 2001 до 2006 година вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Вашингтон, САД.

Како што е наведено во биографијата Димитров од 2000 до 2001 година бил советник за национална безбедност на Претседателот на Република Македонија, во 2000 година бил заменик министер за надворешни работи на Република Македонија, а од 1996 до 2000 година соработник во Одделение за човекови права, Директорат за мултилатерални односи при Министерство за надворешни работи на Република Македонија.

Никола Димитров е докторант при Институтот за безбедност, одбрана и мир, Филизофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј”. Тој во 1998 година станал магистер по правни науки на Универзитетот во Кембриџ, Обединетото Кралство. Во 1996 година дипломирал на Правниот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Димитров е избран за студент на генерацијата и е добитник на наградата „26 јули” на Фондација „Франк Манинг“.

Како дополнителни активности во биографијата на Димитров е наведено дека од 2016 година е член на Советодавниот одбор, ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии, Скопје, Република Македонија, од 2015 година е член на Балканот во Европа, Советодавна група за политики, Европски фонд за Балканот и Центар за ЈИЕ студии при Универзитетот во Грац, Австрија и член на Управниот одбор, Фондација за интегрирано образование, Скопје, Република Македонија.

Во 2012 година добил сертификат за професионална обука, Џон Ф. Кенеди Факултетот за администрација при Универзитетот Харвард, Лидери во ЈИЕ, од 1999 година има напишано многубројни публикации, анализи и колумни во домашни и меѓународни медиуми.

Од 1996 до 2001 година е демонстратор на Правниот факултет при Универзитетот“Св. Кирил и Методиј” по Меѓународно јавно право и Меѓународно право за правата на човекот. Од 1993 до 1994 година е секретар за образование при Сојузот на студенти при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”.

Димитров е оженет и е татко на три деца.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов