Никој во Македонија нема починато од Ковид-19 по примени две вакцини, 22 лица починале со примена една доза

Од:

Во Македонија нема регистрирано смртен случај со примени две дози вакцина и стекнат имунитет, соопштуваат од Министерството за здравство.

Според податоците добиени од Управата за електронско здравство, регистрирани се 664 позитивни лица по примена една вакцина против Ковид 19, кои се заразиле во првите 14 дена од датумот на вакцинација, што укажува на фактот дека најверојатно истите биле во период на инкубација во моментот кога ја примиле вакцината, односно веќе го носеле вирусот во себе.

Од овие 664 лица, 75 биле хоспитализирани.

Од нив, регистрирани се 22 починати лица по примена вакцина против Ковид 19. Од Министерството за здравство велат дека истите биле ковид позитивни во првите 14 дена од датумот на вакцинација, односно се дел од лицата кои најверојатно биле во период на инкубација во моментот кога ја примиле вакцината.

„Заразата од вирусот кај овие лица настанала во период кога вакцината се уште нема ефикасност, односно во првите 15 дена“, велат од Министерството за здравство.

Кај вакцините за кои се потребни две дози, се смета дека граѓаните се заштитени по истекот на определено време по примената втора доза вакцина.

„Затоа, важно е по примената вакцина (прва доза) граѓаните да продолжат да го ограничуваат ризикот од зараза или пренесување на Ковид 19 пред да ја примат втората вакцина, односно да продолжат физички да се дистанцираат, да носат маска и да ги мијат рацете“, велат од Министерството.

И микробиологот д-р Никола Пановски во интервју за „А1он“ посочи дека за да се развијат антитела потребни се три недели по примената прва доза вакцина и дека во овој период граѓаните треба да внимаваат исто како претходно.

Би можело да ве интересира

Започнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата

Ана Ололовска

Бројот на починати од Ковид-19 намален за 33 проценти, кај новозаболените има пад од 27 посто

Предложено укинување на две рестриктивни мерки за спречување на коронавирусот

Кристијан Ландов

Зголемен бројот новозаболени од ковид меѓу децата и тинејџерите

Катерина Ѓуровски

Петличковски: Шестмина вакцинирани со три дози починале во јануари, но анализите покажуваат дека трета доза штити од смрт над 95 отсто

Маја Илиевска-Пачемска

Бремените жени имаат поголема веројатност да се разболат од Ковид-19, Институтот за јавно здравје препорача вакцинирање

Катерина Ѓуровски