„Никогаш северна, само Македонија“ поднесе кривични против Дерковски и членовите на ДИК

Од:

Коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“, преку Јове Кекеновски како нејзин претставник, поднесе кривични пријави против претседателот на Државната изборна комисија, Oливер Дерковски и останатите членови на комисијата, поради тоа што на гласачкото ливче наместо официјалното поднесено и прифатено име на коалицијата, стоело име на политичката партија „Единствена Македонија“.

Од коалицијата сметаат дека со ова се направени кривични дела повреда и злоупотреба на избирачкото право, повреда на слободата на определувањето на избирачите и измама.

„Со наведувањето на името на само една политичка партија, наместо на целата коалиција, избирачите свесно се доведени во заблуда да не гласаат за оваа коалиција која ја сочинуваат неколку субјекти (партијата Единствена Македонија и здруженијата на граѓани ФРОДЕМ, Тврдокорни и Ветерни на ВМРО 1990) со што е извршена повреда и злоупотреба на избирачкото право на избирачите; повреда на слободата на определувањето на избирачите како и измама на избирачите. сé со цел да не гласат за реален учесник на изборите“, објаснуваат од „Никогаш северна, само Македонија“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Заклучен е Избирачкиот список за повторените избори во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа