„Никофон“ за случајот ќе ги извести амбасадите и ЕУ, ќе ја гради барокната катна гаража

Од:

Откако Обвинителството денес ги одби кривичните пријави за незаконска продажба на државното земјиште за изградба на барокна катна гаража кај „Аутомакедонија“, сопственикот Никола Настески кој е сопственик и на „Никофон“, вели дека ќе почне да гради. За одлуката на Обвинителството вели дека дознал од медиумите, но нагласува дека не очекувал поинаков исход оти земјиштето било купено во законска постапка и за него биле платени сите законски пропишани давачки.

„Ќе почнеме со градба бидејќи имаме валиден договор за изградба на катната гаража, имаме сопственост, имаме правосилно решение за градба и правосилно решение за предвремени работи, имаме валидно решение за сообраќај  и имаме добиена судска пресуда за предавање на плацот во владение“, изјави сопственикот Настески за „А1он“.

Освен што ќе почне да гради, Настески најавува дека ќе ја продолжи и административната битка за земјиштето.

„Други лица и јавни претпријатија не ги почитуваат законите и уставно загарантираното право на сопственост на Република Северна Македонија. За ова ќе бидат известени сите амбасади во Републиката, Европската унија и сите засегнати институции“, најави Настески.

Од преговорите со Општина Центар за да се најде начин на локацијата кај „Аутомакедонија“ да не се гради зацртаната катна гаража оти жителите се категорично против таква градба која ќе им го одземе паркингот, Настески вели дека не дале резултат.

„Преговараме 14 месеци, но до ден денес од спротивната страна не е понудено решение за заменска локација или за обесштетување. Само се купува време, а мојата компанија секојдневно претрпува големи материјални штети“, рече Настески.

На почетокот на ноември минатата година кога беше тргната и последната законска пречка за градење оти Настески судски го доби владението на парцелата кое дотогаш беше на ЈП„Паркинзи Општина Центар“, градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ јавно го повика Обвинителството да постапи по поднесените кривични пријави за продажбата на државното земјиште. Жителите од околните згради излегоа на паркингот и најавија дека ако треба ќе воведат стража за да не се дозволат градежни активности.

Настески тогаш изјави дека за неизградената катна гаража заедно со земјиштето потрошил еден милион евра и дека е согласен на преговори за обесштетување со пари или со нова локација поради револтот на граѓаните, а на преговори беше согласен и градоначалникот Богдановиќ.

Дека нема конкретен резултат од преговорите за „А1он“ потврди и градоначалникот Богдановиќ. Тој најави дека по одлуката на Обвинителството дополнително ќе се произнесат.

„За отфрлената кривична пријава дознавме од медиумите. Нашиот став ќе го соопштиме кога официјално ќе го добиеме известувањето од Обвинителството“, рече градоначалникот Богдановиќ.

Би можело да ве интересира

Оштетени две паркирани возила откако дрво падна врз нив

А1он

За да добие унапредување, разрешена па одново назначена секретарката на Општина Центар

Кристијан Ландов

Богдановиќ: Изградбата на зградите кај „Холидеј Ин“ не може да влијае на изборите оти Центар покажа спремност да направи промени

Се топи партиската поддршка за Богдановиќ, тој не размислува да „трча“ сам

Маја Илиевска-Пачемска

По анкетите во СДСМ: мртва трка меѓу Димитриевски и Костовски за Куманово, во Центар битка меѓу Богдановиќ, Бухова и Герасимовски

Маја Илиевска-Пачемска

Кои се кандидатите на СДСМ: За Центар, Богдановиќ се бори со Стевановиќ и Бухова

Маја Илиевска-Пачемска