Ние во Европа велиме: „Ни требате“, порача Хајко Мас на дебатата „Зошто Европа?“

Од:

Зошто Европа? – поради пристојна, средена, правна, држава која функционира, напредување во кариерата врз основа на заслуги, а не врз принципот на лојалност, квалитетно образование и здравство, поголеми економски можности, поради тоа што ЕУ е исто така заинтересирана земјава да стане дел од неа, како што и Македонија има такви аспирации, но и поради отворање на можностите за младите, кои тука во земјава ќе добиваат поквалитетно образование и можност да се вработат и сето тоа ќе ги поттикне да останат во земјата.

Ова се дел од заклучоците на дебата, која денеска се водеше во Даут Пашин амам во организација на германската Амбасада, а на која учествуваа шефот на германската дипломатија Хајко Мас, македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, професорската Елизабета Шелева, активистот Артан Садику и Ирина Банишка, студентка и претставник на младите во земјава.

– Во пресрет на референдумот цврсто сме убедени дека европската перспектива на оваа држава е нешто што е важно и за самата ЕУ. Вие сами ќе ја донесете одлуката за тоа по кој пат ќе одите. Вие имате интерес за Европа, но и ние во Европа имаме интерес за вашата земја, им порача Мас на учесниците и нагласи дека Европа веќе 65 години е успешна приказна, која се базира на демократски вредности, владеење на правото, правна држава, почитување на човековите права.

– Имаме европски вредности и сакаме сите кои ги делат истите вредности да ја обликуваат иднината заедно со нас. Од вас зависи како ќе го продолжите патот понатаму, рече Мас.

Додаде дека првиот чекор на тој пат е референдумот, но потенцира дека не сака да влијае врз македонските граѓани.

– Но отворено ви кажуваме би биле среќни кога би биле за ЕУ. Тоа е јасен став ние во Европа велиме „Ни требате“, додаде Мас.

На прашањето да изнесе свое мислење за ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во однос на претстојниот референдум Мас рече дека како министер за надворешни работи не се осмелува да се меша во внатрешните работи на земјата и додаде дека секој во земјава има право да има свој став, да повика „за“, „против“ или на бојкот.

Сепак, додаде Мас, народот е тој, што треба да одлучи и да го одбере патот на земјата.

Министерот Димитров истакна дека ние сме опкружени со Европа, се наоѓаме на европскиот контитент и сосема е нормално да сакаме да имаме европска држава.

– Јас лично како граѓанин кога мислам на Европа први асоцијации ми се среденост, пристојност, нормалност, функционални институции, силни инстиуции, но според ефикасност, а не по концентрација на моќ во еден човек или во рацете на мала група луѓе, еднакви шанси, натревар на способни, а не натпревар на лојални, просперитет, пристојно платена работа, образование, здравство, рече Димитров.

Нагласи дека Македонија прва, во Луксембург уште во 2001 година потпиша ССА.

– Оттогаш поминаа 17 години, многу време изгубиме и мислам дека не мислам дека има ниту еден граѓанин на кој му се допаѓа тоа што спорот што го имавме со Грција влијаше врз нашата перспектива за влез во НАТО и ЕУ, додаде Димитров.

Нагласи дека кризата не поттикнала на раст и учење и додаде на Европа можеме да и понудиме жед за одговорност, правна држава слобода на медиумите…се она што во текот на кризата фалело, а е нешто што во Европа се зема здраво за готово.

Професорската Елизабета Шелева говореше за феноменот Балкан и како да се намали „стравот на Европа од балканизмот“.

Таа нагласи дека пред околу 20 години бил промовиран поимот балканизам, како начин на кој не перцепира Западот и со кој се создала непријатна аура околу регионот.

Изрази надеж дека сега ќе се менува односот кон Балканот, тој повеќе да не биде сираче на Европа, да му се даде шанса да ги покаже своите вистински потенцијали.

Активистот Артан Садику напомена дека уште пред 12 години со порадикални, поеманципирани групи од Грција изработиле книга „Ајде“, збор кој се користи во двете земји за означување на почеток на нешто, а која била посветена на заедничка антинационалистичка историска нарација за територијата и историјата на Македонија и Грција.

Книгава ја шверцувале во Македонија, бидејќи нејзината содржина, како што рече, тогаш не била прифатлива. Сега, вели, во Договорот од Преспа, има дел со кој се отвора можноста за таква соработка.

Садику нагласува вели Договорот не подготвува за механизмот врз кој функционира ЕУ, а тоа е да се постигне компромис.

Ирина Банишка, како претставник на студентите и на помладата генерација вели дека кога се говори за ЕУ сите некако како повеќе да се насочени кон минатото, каков бил процесот, што се случило, а помалку кон иднината, која, како што рече е суштинска за младите.

За нив, додаде таа, во однос на ЕУ важни се два аспекти – образованието, кое би го подобрило својот квалитет и можноста младите да најдат соодветна работа.

Со тоа, додава Банишка, младите во нивната родна земја ќе имаат повеќе можности дома и ќе се спречи нивниот одлив во странство.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Скок во приходите и профитот на голем германски производител на оружје