Независните до Милошоски: Напуштете го ВМРО-ДПМНЕ и ослободете ја партијата

Од:

“Би сакала да ја потсетам јавноста, дека СЈО го избравте токму вие и овде славевте и скокавте.

Вие баравте бомбите да бидат само индиции. Уште во март ова го баравте, цела година преговарате.

Треба да бидеме искрени и да ги соочиме аргументите, ако продолжите да мавтате со материјали и ние имаме материјали за покажување”, рече пратеничката Нола Исмајлоска Старова, обраќајќи му се на пратеникот Милошоски.

Милошоски рече дека пратениците под уцени и закани гласале за уставните промени, а истото власта го правела и сега со носењето на Законот за ЈО.

“Кога глаааа за промена на уставот им се закануваа со затвори по 15 години, ги носеа како компири, ги уценуваа, ги плашеа.

Доаѓаа со жилави раце од лисици,за да гласаат во оваа Собрание. Нека е честита коалицијата на СДСМ и Крсто Мукоски”, рече Милошоски.

Пратеничката Александрова пак го обвини Милошоски дека ја уништиле партијата и дека ова битка за да не се донесе законот за ЈО ја воделе преку партијата со намета да не излезат пред лицето на правдата.

“Со кое право вие ја уништувате партијата,колега Милошоски слушнавме во бомбите дека вие сте тој што ужива привилегии.

Заради вас, луѓето заминаа во затвор. Милошоски напуштете ја партијаа, ја уништивте, ослободете ја. Ја претворивте партијата во битка за вашите лични интереси”, рече Александрова.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела