Независниот синдикат на здравствени работници најавува протести доколку нема усогласување на платите со минималната плата

Од:

Независниот синдикат на здравствени работници, административен и технички персонал најавува протести доколку нема усогласување на платите со минималната плата.

На денешната прес-конференција, националниот координатор на Независниот синдикат Боби Бојчевски рече дека ќе се протестира за време на паузи и дека во период од три часа би биле затворени јавните здравствени установи, а би се примале само итните случаи. Што од ова ќе биде спроведено, зависи како ќе се договорат претставниците на синдикалната организација овие денови.

– Да не се игра со чувствата на вработените во здравството, уште еднаш да не бидеме изманипулирани, бараме правилно и законски да се исплати платата согласно со Законот за минимална плата. Ова наше барање е основано и во согласност со Законот за минимална плата, нагласи Бојчевски.

Би можело да ве интересира

Здравствени работници бараат повисоки плати, бенефициран стаж, инфективен додаток

Горан Наумовски

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

A1on

ВИДЕО: Се решава статусот на 1.117 ангажирани во здравството

A1on

Протест на Независниот синдикат на здравствени работници

(ВИДЕО) Протест на здравствените работници: Меџити не кажува дали ќе им ги покачи платите

A1on

Штрајк на турските здравствени работници

А1он