Независниот академски синдикат бара покачување на платите на вработените во вискообразовните и научни установи

Од:

Независниот академски синдикат го поздравува покачувањето на платите во основното и средното образование и побара зголемување на платите и за вработените во јавните високообразовни и научни установи.

„Пред околу две седмици Владата на РМ донесе одлука за зголемување на платите во секторот образование. И покрај оправданото незадоволство од висината на зголемувањето, НАкС топло ја поздравува одлуката на Владата за отпочнување на процесот на покачување на платите во овој сектор, клучен за развој на општеството. Сепак, истата се однесува само на основното и средното образование и, како и многу пати досега, не ги опфаќа високото образование и науката.

Оттаму, со оваа РЕАКЦИЈА сакаме да го искажеме нашето долги години напластувано незадоволство од висината на буџетските средства за исплата на платите во секторот високо образование и наука, како и да апелираме до Владата на РМ да направи анализи со кои ќе согледа дека примањата на вработените во некои од јавните универзитети, единици во нивен состав и јавни научни установи со години наназад се на срамно, понижувачко и супстандардно ниво.

Поради тоа бараме Владата на РМ:

– веднаш да ги зголеми буџетските издвојувања за платите на вработените во јавните високообразовни и научни установи;
– да изнајде модус со кој ќе се елиминираат или, барем, ќе се ублажат фрапантните разлики во примањата помеѓу професорите и истражувачите вработени на различни јавни високообразовни и научни установи, а, особено, на различни единици во нивен состав.

Притоа, НАкС е подготвен да понуди стручна помош при изнаоѓањето модалитети за справување со ваквата нееднаквост која, покрај социјалниот аспект, содржи елементи на неправедниост и креира тензии во секторот“ се вели восоопштението на Независниот академски синдикат.

Би можело да ве интересира

НАкС: Потребно транспарентно финансирање, а не зголемување на студентската партиципација

Кандидатите за ректор на УКИМ се претставија на трибина организирана од НАкС

Ана Ололовска

Државната матура да се реформира и адаптира на образованието на иднината, но приемниот испит на факултетите е неопходен за валозирање на квалитетот и нивото на знаење на ученикот

НАкС: Синдикалното здружување вреди

Ана Ололовска

НАкС: Поддршка за студентите за зачувување и унапредување на студентскиот стандард

Ана Ололовска

Владата го одобри Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан