Независната пратеничка група со Ципрас: Ни честиташе на визијата и храброста

Од:

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, оствариja средба со Премиерот на Република Грција господин Алексис Ципрас.

-На средбата ги искажавме нашите очекувања за поддршка на Република Грција во евроатланската интеграција на нашата држава. Премиерот Ципрас истакна дека не само што ќе не поддржат туку и ќе се заложат да бидат водилка по тој пат.

Ни честиташе за нашата визија и храброст, и потенцираше дека со конкретни чекори од кој првиот е денешната историска посета, ќе работиме заедно за создавање пријателство меѓу македонскиот и грчкиот народ, соопштија од независната пратеничка група.

Со почит,
НЕЗАВИСНА ПГ на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија

Би можело да ве интересира

Ципрас во Струмица на гости кај Заев

Алексис Ципрас, единствениот грчки премиер што оствари официјална посета на Скопје

А1он

Ципрас поднесе оставка од лидерското место во Сириза

Ципрас: ЕУ со недостиг на стратегија, визија и лидерство е големиот губитник од војната во Украина

Ципрас: Животот на граѓаните со Владата на Мицотакис потсетува на Survivor

А1он

Ковачевски-Ципрас: Само со дијалог и решенија градиме просперитет

А1он