Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, оствариja средба со Премиерот на Република Грција господин Алексис Ципрас.
-На средбата ги искажавме нашите очекувања за поддршка на Република Грција во евроатланската интеграција на нашата држава. Премиерот Ципрас истакна дека не само што ќе не поддржат туку и ќе се заложат да бидат водилка по тој пат.
Ни честиташе за нашата визија и храброст, и потенцираше дека со конкретни чекори од кој првиот е денешната историска посета, ќе работиме заедно за создавање пријателство меѓу македонскиот и грчкиот народ, соопштија од независната пратеничка група.
Со почит,
НЕЗАВИСНА ПГ на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија