Независна истрага за сообраќајката на Младенов?

Од:

Сообраќајна анализа на возилото во кое пред една недела загина новинарот Никола Младенов, освен полицијата, ќе прави и независен вештак, експерт по сообраќај, јави Алфа.

Тој веќе направил увид на местото на несреќата и има првични информации за настанот.

Наредните денови ќе му се издаде налог од истражниот судија за да стартува со анализата, откако за еден до два дена полицијата ќе заврши со својата верзија.

За телевизијата од МВР потврдиле дека имаат наредба само за сообраќајно вештачење, кое утре или задутре ќе го испратат кај истражниот судија. Од содржината ќе зависи дали истражниот ќе издаде налог за техничко вештачење кое е можно да го прави МВР или Машинскиот факултет.

До сега за несреќата не била земена изјава ниту од сопругата на Младенов, ниту од луѓето со кои контактирал дента. Засега никој во полиција нема пријавено дека последните часови пред несреќата имал средба со Младенов.
„Од одлуката на судот ќе зависи и потегот на семејството на Младенов, односно дали ќе инсистираат независни експерти да се вклучат во поголем број по нивен предлог“, се наведува во прилогот на „Алфа“.

Би можело да ве интересира

МИМ го објави 16-тиот конкурс за новинарската награда „Никола Младенов“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) СДСМ: Вистината за смртта на Никола Младенов – што се презентираше пред камера, а што зборуваа по телефон

Емир Латифовиќ

Протести во 9 градови во Македонија

Ана Ололовска

Груевски: Поддржуваме и се согласуваме на нова истрага за смртта на Младенов

Емир Латифовиќ

Две години од смртта на Никола Младенов

Ана Ололовска

Една година од смртта на Никола Младенов

Ана Ололовска