(ВИДЕО) Независен полициски синдикат: 30 години исти луѓе се началници во МВР со 1000 евра плата

Од:

Колективно самораспуштање треба во Министерството за внатрешни работи, а не „метла“, што ја промовираше премиерот Заев порачаа од независниот полициски синдикат на денешната прес-конференција пред МВР. Од таму јавно побара набавка на нови „пинцови“, затоа што животот им е во опасност на полицајците кои се превезуваат со старите дотраени возила. Повикаа на одговорност и итна промена на раководните кадри кои наместо да ја подобрат, ја уназадуваат состојбата во полицијата.

„Познатите „Пинцгауери“ со кои се превезува посебната единица ПЕП не се сигрурни повеќе и само да стојат паркирани во кругот на полициската станица, а не да се возат, затоа што еден таков пинц пред неколку дена изгоре во кругот на МВР. Јасно бараме набавка на нови возила, а вие досега не бевме достојни ниту да ни одговорите. Затоа, ова прилика ја користиме да прашаме до кога ќе се лажеме дека јадеме чоколади, а немаме за леб?“, изјави Дејан Саздов, порпарол на независниот полициски синдикат.

Според независниот полициски синдикат проблемот лежи во лошите раководни кадри, кои со години не превземаат ништо за подобрување на состојбите во МВР. Гоце Делчев Тодев, порача дека треба да има „метла“за најмалку 20-тина началници , за да се очекуваат вистински реформи во полицијата.

„Има ракововодни лица кои ниту една власт не може да ги смени. Повеќе од 30 години седат во фотељите и не им е грижа за состојбата во полицијата , а земаат по 1000 евра плата. Министерот треба да се запраша за реланата состојба, а не да верува во лажната слика која тие му ја креираат. Згора на се, за пропустите на раководителите се казнуваат полицијаци со парични казни и дисциплински постапки. Доколку сакаат европска полиција, треба да има вистинска реорганизација“, порача Делчев Тодев.

Од независниот полициски синдикат посочија дека полицајците немаат соодветна униформа, а побараа и подобрување на условите на вработените на граничните полициски станици.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он