Невремето што се најавува може да предизвика истекување на реките и поплави

Од:

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека невремето со интензивен дожд за кратко време, силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град, најавено за попладне и во ноќните часови почнувајќи од запад, можно е да дојде до поројни истекувања на помалите водотеци и суводолици и до несакани излевања на водите, кои би можеле да предизвикаат локални проблеми како на крајбрежјето, така и на патната инфраструктура, на одредени места можна е и појава на свлечишта и одрони.

– Доколку се остварат овие врнежи со голем интензитет за кратко времетраење на одредени помали сливни површини, во вечерните часови, па и во раните часови утре, можно е да дојде до поројни истекувања на помалите водотеци и суводолици и до несакани излевања на нивните води, кои би можеле да предизвикаат локални проблеми како на крајбрежјето, така и на патната инфраструктура, која е во нивна близина, а на одредени места можна е и појава на свлечишта и одрони. Во одредени градски населби, можна е појава на локални проблеми поради брзото истекување на водите по улиците, а атмосферските води од олуците приклучени на канализациите, можат да предизвикаат комунални проблеми и плавење на одредени подземни простории, се наведува во соопштението на УХМР.

Како што се додава, генерално не се очекуваат интензивни врнежи како на северозапад на Балканскиот Полуостров, но, сепак, достапните модели најавуваат врнежи на целата територија на државата.

– Поголема внимателност генерално е потребна на крајниот запад кај сливот на реката Радика, околу планините Шар Планина, Скопска Црна Гора, Осоговието и делови од Малешевските Планини и Огражден, во градските и приградските средини во реоните на Тетово, Скопје, Куманово, Крива Паланка, Штип, Свети Николе, Кратово, Пропбиштип, Кочани, пишува во соопштението.

Од УХМР препорачуваат внимателно движење, особено покрај реките и суводолиците, поради можна појава на опасни води и свлечишта.

Според најавата од синоптичарите, попладне и во ноќните часови почнувајќи од запад, облачноста ќе се зголемува и времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, на места во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време, силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско