Невреме во Скопје

Од:

Скопје попладнево го зафати силно невреме со пороен дожд, грмежи и ветер од околу 50 километри на час. Дождот го отежна сообраќајот низ градот. Дел од улиците се времено блокирани, а некои подвозници поплавени.

Според дежурниот синоптичар во Управата за хидрометеоролоши работи (УХМР) Лена Јовановска, променливо ќе биде до крајот на денот, на повеќе места во скопското подрачје нестабилно облачно со интензивни врнежи, грмежи и засилување на ветерот.

Локално се очекува да има и пообилни вренежи дожд, над 35 литри на метар квадратен.

И утре под влијание на циклонска активност времето ќе биде променливо облачно, нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Во сабота ќе биде стабилно, со услови за изолирана појава на краткотраен дожд на планинските предели попладне.

Стабилно и потполо време се очекува во недела и понеделник.

Би можело да ве интересира

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Утре повторно силен ветер и нестабилно време со пороен дожд