Невреме во Прилеп, пет куќи поплавени

Од:

Околу 13 часот го зафати Прилеп силно невреме проследено со пороен дожд и грмежи. Невремето траеше нешто повеќе од 40-тина минути и според надлежните наврнале околу 40 до 50 литри дожд.

Според градоначалникот Илија Јованоски, кој информираше за преземените мерки, на 15-тина места во градот и околината имало затнати канализации, пријавено е поплавување на пет куќи во градот и гром удрил во бандера. Предизвикана е мала материјална штета, но за среќа нема повредени.

– Во моментов екипи на двете јавни комунални претпријатија, „Комуналец“ и „Водовод и канализација“, заедно со две приватни компании, со комплетна механизација се на повеќе пунктови во градот и ги расчистуваат улиците од кал и наноси. Главно, се чисти во прилепската населба Тризла 2, каде има наноси по улиците, изјави Јованоски.

Од јавните комунални претпријатија ги повикаа граѓаните доколку имаат штети, да ги пријават, за да може екипите да интервенираат.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Почнува летното сметање на времето

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски