Невреме во Берово проследено со град и силен ветар

Од:

Улицата „Вељко Влаховиќ“ е меѓу најпогодените од невремето кое денеска попладне го зафати Берово. Екипи на Територијалната противпожарна единица учествуваа во испумпување на водата на една од блиските куќи, каде водата од обилниот дожд најмногу има навлезено, поплавувајќи мебел, покуќнина и електрични апарати за домаќинство.

Причина за навлегувањето на огромните количини вода е блискиот канал кој, како што велат, бил претрупан со ѓубре поради негрижата на несовесните.

Екипи на комуналното претпријатие и ТППЕ ќе продолжат со интервенции на терен со цел санирање на наносите од земја и песок на најпогодените улици.

Невремето кое денес околу 14.30 часот го зафати Берово беше проследено со град и силен ветар поради што поројните дождови предизвикаа штета на повеќе улици во централното градско подрачје.

Би можело да ве интересира

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници