СДСМ: Нетпрес објави уште една лажна вест повикувајки се на нивниот фалсификат

Од:

Нетпрес и порталите на Никола Груевски безуспешно се обидуваат со лажни вести да го покријат неуспехот на Груевски да состави Влада.

Потралот Нетпрес објави уште една лажна вест, во којашто и денеска се повикува на непостоечки извештај и употребува клевети врз СДСМ.

Лага е дека СДСМ има поднесено вкупен финансиски извештај за изборната кампања, како што тврдат во овој фалсификат документ во прилог, на којшто со голо око е видлив допишан текст.
Според тоа измислица е и објавеното за наводно непријавени,а потрошени средства.

Еве официјален линк до официјалната Веб страница на Државната изборна комисија:
http://www.sec.mk/konechni-finansiski-izveshtai-za-prihodi-i-rashodi-na-politichkite-partii-21-11-11-12-2016/

Тука се гледа кои две партии досега доставиле вкупен финансиски извештај за изборната кампања. Меѓу нив не е СДСМ. СДСМ и коалицијата согласно законските прописи и Изборниот законик досега имаат поднесено два финансиски извештаи и имаат потрошено онолку средства колку што е наведено во извештаите на денот на нивното поднесување. Вкупниот финансиски извештај СДСМ и коалицијата ќе го достават по затворањето на трансакциската сметка, како што е предвидено во Изборниот законик.

Согласно член 71 став 6 од Изборниот законик, трансакциската сметка се затвора во рок од 3 месеци од денот на објавување на конечните резултати, што значи до месец март, 2017 година. По затворањето на сметката, СДСМ ќе го поднесе вкупниот извештај, за кој согласно Изборниот законик има рок од 30 дена.

СДСМ ги почитува законите, а финасиските извештаи на партијата редовно се анализирани од Државниот завод за ревизија.

Бараме порталот Нетпрес и медиумите коишто ја пренесуваат и денешната лажна вест базирана на фалсификатот од порталот да се извинат во законскиот рок од 3 дена. Во спротивно ќе поднесеме тужба и за денешната лажна вест.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус