Непречена испораката на огревни дрва во кумановско

Од:

Од кумановската подружница на ЈП „Македонски шуми“ информираат дека непречно се одвива испораката на огревни дрва до граѓаните кои имаат склучено договори и оти располагаат со доволна количина со којашто ќе се задоволат потребите на граѓаните во престојната грејна сезона.

– Граѓаните кои што имаат склучено договор со претпријатието, навремено ги добиваа уплатените количини на дрва во текот на летото, изјави денеска директорот на подружницата, Ваит Саити.

Тој рече дека сите 1500 граѓани од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, а кои имаат склучено договор со јавното претпријатие, ќе бидат навреме снабдени со дрва.

– Околу 70 проценти од вкупно склучените договори, практично се реализираат. Мислам дека како и претходните години, испораката ќе се одвива без проблеми. Деведесет проценти од огревното дрво е бука, цената е 2.371 денар метар просторен, изјави Саити.

Според Саити, временските услови се одлични за испорака, така што во наредниот период ќе бидат дистрибуирани потребните количини дрва до останатите 30 проценти од корисниците кои склучиле договор со претпријатието.

Би можело да ве интересира

„Нема да ви пишеме казна, ама ќе ви ги земеме дрвата“ – уапсени вработени во Национални шуми

Анита Петровска Рајковиќ

Фалсификувал дозволи за сечење дрва – наплаќал по 200 евра од камион

Анита Петровска Рајковиќ

Кумановка измамена при набавка на огревно дрво

Нелегална сеча на дрвја во Националниот парк „Пелистер“

Ана Ололовска

Герила акција – Скопските дрвја во синџири

Георгиев: ЈП „Македонски шуми“ за две недели ќе ги испорача и последните количества огревно дрво

Наум Локоски