А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Неопходно социјално партнерство за програмите за превенција на ХИВ

by А1он26/09/2017 - 11:40160
Share0

Ако Македонија сака одржлив систем на која било програма за ранлива група на граѓани тоа може да го направи само преку социјално партнерство и никако поинаку, бидејќи државата е гломазен субјект, а граѓанскиот сектор кој е веќе подготвен треба само да биде ставен во соодветна функција, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Добивај вести на вибер

– Треба да изградиме пристап што ќе значи пристап утврдување цена на чинење на секоја една услуга која државата ја плаќа преку социјално партнерство. Можеме да финансираме и бизнис и граѓански сектор, но затоа е потребно регистер, стандарди, па потоа утврдување на цена на чинење, изјави Царовска на отворањето на конференцијата „Модели за финансирање на програмите за превенција на ХИВ и намалување на штети од употреба на дроги“, во организација на ХОПС – опции за здрав живот.

Посочи дека ако системот на давање услуги зависи од политичка волја, тогаш тоа не е одржлив систем, но доколку се изнајде соодветен систем истиот тој може да се реплицира и за други програми.

Извршниот директор на ХОПС Христијан Јанкулоски посочи дека Македонија е земја со најниска преваленца на ХИВ во регионот на ЈИЕ и дека изминатите 20 години се изградени сите капацитети кои можат да дадат одговор на ХИВ епидемија и само е потребна поддршка на истите и во иднина.

– На 5 септември 2017 година Владата на Република Македонија усвои одлука со која од 2018 година се обезбедуваат 103 милиони денари од националниот Буџет за превенција и третман на ХИВ. Се уште остануваат предизвиците. Мора да постои повеќегодишен план за имплементација со минимален едногодишен план за финансирање, рече Јанкулоски.

Нагласи дека во Македонија овие сервиси ги имплементираат 15 здруженија во 15 градови, а услуги од нив на секојдневна основа во нивните центри и на терен добиваат 15 илјади лица.

hiv

Би можело да ве интересира

Годинава има 38 новозаболени од ХИВ/СИДА во Македонија

Горан Наумовски30/11/2025 - 11:07

Платформата за ХИВ бара неопходниот буџет за заштита на населението од ХИВ-инфекција

Горан Наумовски06/12/2024 - 12:15

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

A1on20/03/2024 - 14:31

Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември

Предраг Петровиќ19/11/2023 - 13:05

За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

А1он18/09/2023 - 13:4518/09/2023 - 13:50

Европската недела на тестирање за ХИВ: Секој ден тестирање во Младинскиот центар на ХЕРА со брзи ХИВ тестови

Ана Ололовска22/11/2021 - 11:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен