Неофотистос: Спорот за името предизвикува тензии во македонското општество

Од:

Спорот за името треба да се реши, бидејќи предизвикува тензии во македонското општество, но големо прашање е дали грчката Влада сега може да се посвети на тоа, изјави Василики Неофотистос, професор од универзитетот Бафало во САД, на вчерашното предавање за Македонија.

– Не знам дали ќе има решение на спорот за името. Се надевам дека тоа ќе се реши, бидејќи фактот што нема согласност околу името предизвикува прилично несигурност и тензии во Македонија, вклучително и меѓу Македонците и Албанците. Спорот ги влошува нивните односи, поради изјавите на Албанците дека всушност сакаат да бидат во ЕУ независно од името, додека Македонците се многу помалку подготвени на компромис околу името. Но, важно е да се има предвид и економската криза во Грција. Прашање е дали грчката Влада ќе биде подготвена да го реши спорот сега, изјави Неофотистос.

Неофотистос, која е професор на катедрата по антропологија во Бафало, своето предавање во центарот „Вудро Вилсон“ во Вашингтон го посвети на односите меѓу Македонците и Албанците и Охридскиот рамковен договор.

– Македонците сметаат дека загубиле со амандманите на Уставот, додека кај Албанците е широко прифатено сфаќањето дека тие добиле со спроведувањето на Охридскиот рамковен договор. Многу во албанската заедница сметаат дека договорот требало да се спроведе многу порано, и се уште бараат од Владата да преземе повеќе чекори за негово спроведување. Има доста дискусии околу значењето на договорот и како треба да се спроведе, но мислам дека едно може да се каже со сигурност, дека договорот ги консолидираше меѓуетничките разлики, но на сметка на помалите етнички заедници во Македонија, изјави Неофотистос.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски