Неофицијало: Загинати и повредени во престрелките во Куманово

Од:

4-ца тешко повредени полицајци се пренесени во болницата во Куманово. Уште четворица потешко повредени се пренесени во клиничкиот центар во Скопје. Неофицијално има и загинати.

Во Куманово каде што утрово се пукаше е релативно мирно, но тензично.

Хеликоптери, велат за А1 он жители на Куманово, го надлетуваат градот и околината. Делот кај пазарот во Куманово и делот над пазарот кон романовски пат е затворен.

Полициски извори за А1 велат дека има многу полициска опрема, а муниција е донесена со хеликоптер од Петровец.

Нервозата и стравот во кумановско расте. Од утринските часови во делот наречен „Дива населба“, кај пазарот но и во центарот на Куманово се слушаа пукотници, рафали и хеликоптери како ја надлетуваат областа.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе