Немоќен малолетник од Струмичко пронајден во Струга, ќе биде предаден на семејството

Од:

Малолетник со здравствен проблем, од струмичкото село Банско доцна синоќа сам бил затекнат во близина на маркет во Струга.

СВР Охрид денеска соопшти дека лицето е згрижено и остварен бил контакт со неговите родители.

– Во ОВР Струга синоќа во 22.10 часот е пријавено дека, пред маркет лоциран на улицата „Ристо Крле“ во Струга, затекнато е малолетно немоќно глувонемо лице. По известување до јавен обвинител и Центар за социјални работи, лицето е згрижено, преземени се мерки и констатирано е дека се работи за 17-годишен малолетник од струмичкото село Банско. Остварен е контакт со неговите родители Т.М. и Ш.М. од истото село и малолетникот денеска, ќе биде вратен во неговиот дом, информира портпаролот Стефан Димоски.

По целосно документирање на настанот, додаде, против родителите ќе биде поднесена кривична пријава за „напуштање немоќно дете“.

Директорот на Центарот за социјални работи во Струга, Мевмед Халили, за МИА информира дека во координација со струмичкиот центар денеска лицето ќе биде предадено на неговото семејство.

Би можело да ве интересира

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Малолетник почина од струен удар – се обиде да ја земе електронската цигара која му падна на шините во метро

А1он

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме