А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Немаме намера да ги двоиме Албанија и С. Македонија, вели Борел

by А1он10/05/2021 - 18:0010/05/2021 - 18:23199
Share0

Шефот на европската дипломатијата, Јосеп Борел, изјави попладнево дека со министрите за надворешни работи на ЕУ се согласиле дека не постои намера за одвојување на Албанија и Северна Македонија во ЕУ процесот.

Следете a1on на Instagram Instagram

Западниот Балкан за првпат по две години денеска се најде на агендата на министрите за надворешни работи, соопшти Борел и додаде дека нема да дозволи да поминат повторно две години без да се дебатира за регионот – клучен за Европската Унија.

Во воведниот говор тој се осврна на Македонија, откако се појавија бројни шпекулации дека европските патишта на Скопје и Тирана би можеле да бидат одвоени доколку не Бугарија не ја отстрани блокадата на Македонија.

-Имаше согласност во Советот денес дека е потребно забрзување на процесот на реформи поврзани за ЕУ во регионот, сакаме исто така да се забрза процесот на приклучување кон и немаме намера да ги одвојуваме Северна Македонија и Албанија, изјави шефот на европската дипломатија по состанокот со 27-те министри за надворешни работи на ЕУ.

Следете a1on на Youtube YouTube

Борел нагласи дека Европската Унија е загрижена поради изјавите за одвојување на Скопје и Тирана и дека ставот во Советот не е променет по ова прашање.

На прашањето дали блокадата за Северна Македонија ги поткопува обидите на ЕУ да биде поприсутна на Западен Балкан, Борел одговори дека двете страни треба итно да изнајдат заеднички прифатливо решение.

-Имавме разговор за ова денес, ја слушнавме Бугарија и ги охрабруваме двете страни итно да изнајдат заеднички прифатливо решение. Условите се исполнети, земјите членки се одлучија да ги отворат преговорите за Северна Македонија и се надеваме дека Меѓувладината конференција ќе се свика што е можно побрзо по усвојувањето на преговарачката рамка, министрите за надворешни работи на земјите членки се заложија да туркаат силно за свикување на првата Меѓувладина конференција и да ја усвојат рамката, изјави Борел попладнево на прес – конференцијата по Советот за надворешни работи на ЕУ.

boreleueu pregovori

Би можело да ве интересира

Москва: Трамп се обидува да ја реши украинската криза, Европа го продлабочува конфликтот

Горан Наумовски14/10/2026 - 17:0014/10/2026 - 16:26

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Горан Наумовски12/10/2026 - 10:30

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ08/10/2026 - 17:0308/10/2026 - 17:06

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ30/09/2026 - 15:1230/09/2026 - 15:19

Сиљановска-Давковa во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ

А1он28/09/2026 - 14:1728/09/2026 - 14:56

„Политико“: Европската унија подготвува патокази за Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија

А1он28/09/2026 - 09:4528/09/2026 - 11:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео