Нема влез во Грција уште најмалку две седмици

Од:

Одлуката за привременото ограничување на копнените граници и новите дополнителни рестрикции воведени минатата седмица за граничните премини со Македонија и Албанија, како и забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, грчката Влада ги продолжи до 22 март 2021 година.

Од минатиот понеделник, во сила се построги мерки за граничните премини Евзони со Македонија и Какавиа со Албанија, кои работат од 7 до 19 часот, по локално време, наместо до 23 часот, како што беше претходно, а дневно дозволено е во Грција да влезат најмногу 400 лица, додека пак задолжителен е домашен карантин од 14 дена.

На граничните премини, на сите, задолжително им се прави рапид тест, вклучително и на возачите на камионите, при позитивен резултат нема да биде дозволен влез.

Новите построги мерки, односно брзите тестови при влезот и работното време на граничните премини важат и за транспортерите, нешто што беше причина, во петокот камионџиите од Грција и Северна Македонија да одржат протест на Евзони (Богородица).

Министерската одлука за „воведување мерки за привремено ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на земјата, за забрана за влез во земјата на државјани на трети земји, освен од државите на Европската унија и Шенген зоната“ за да се ограничи ширењето на коровирусот веќе е објавена во Службен весник на Грција и утрово стапи во сила.

Исклучок, се државјаните на земјите членки на Европската унија и Шенген зоната и жителите на Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Тајланд, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати, Русија и Израел.

Исто така, исклучок се и одредени категории граѓани, како што се медицинскиот персонал и здравствените работници, оние кои имаат дозвола за престој во земја членка на ЕУ или земја од Шенген зоната, членови на владини мисии, дипломати, превозници, возачи на камиони што пренесуваат стоки, транзит патници, студенти, лица кои се грижат за стари лица и лица со инвалидитет, како сезонски земјоделски работници.

За сите оние за кои е дозволен влез во Грција, освен негативен ПЦР тест, потребно е да го имаат пополнето и специјалниот формулар PLF (Passenger Locator Form), да бидат негативни и на брзиот тест на граница, а при влез од Македонија и Албанија, односно од граничните премини Евзони (Богородица) и Какавиа задолжителен е домашен карантин од 14, наместо седум дена како што беше досега.

Би можело да ве интересира

Блокада на премините кон Грција поради штрајк на грчките цариници

Катерина Ѓуровски

Грчките земјоделци вечерва го блокираа преминот „Евзони“ за влез на товарни возила

Грчките земјоделци утре на протест на граничниот премин „Евзони“, велат дека не отстапуваат додека не бидат исполнети нивните барања

Нормализирано е влегувањето преку преминот „Евзони“, тргната блокадата на грчките земјоделци

Горан Наумовски

Преминот „Евзони“ блокиран од грчките земјоделци, патници и камиони се пропуштаат по 10 минути на секој половина час

Можна блокада на грчките земјоделци на граничниот премин „Евзони“ кон Македонија