Нема термин за владина седница за уставните иземни, Ковачевски уште верува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека се уште нема конкретен датум за владината седница на која ќе бидат ставени на дневен ред уставните измени. Ковачевски изрази уверување дека и ВМРО-ДПМНЕ ќе се приклучат во носењето на одлуката за уставните измени во текот на наредниот период.

-Нема конкретен датум, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање во Свети Николе. Претходно тој исто така кажа дека од вчера до денеска нема ништо ново во однос на евентуални разговори со опозицијата.

Како владина коалиција и СДСМ, рече премиерот, ние имаме многу јасен став земјата да стане членка на НАТО.

-ВМРО-ДПМНЕ тогаш беше против. Исто така да станеме земја фактор на стабилност на Балканот, што го направивме. Ги започнавме преговорите со ЕУ по 17 години чекање и што се однесува до нашиот став многу е јасно каде оди Северна Македонија а тоа е во полноправно членство во ЕУ. Затоа оставаме простор за прв пат во историјата ВМРО-ДПМНЕ заедно со нивното раководство да се одлучат да бидат дел од носењето на една ваква одлука и продолжување на европската интеграција на државата, кажа премиерот.

Се наврати на поддршката што ја добиваме на тој пат од страна на нашите партнери ЕУ и САД.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Прво завршени преговори со ЕУ, па уставни измени, порача Мицкоски од Вашингтон

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами

Катерина Ѓуровски

Имаме достоинствено решение на маса, а тоа се уставни измени се одложено дејство, истакна Мицкоски

Муцунски: Одбележуваме неславен јубулеј, 20 години од кандидатскиот статус и серија направени отстапки

Катерина Ѓуровски

Касами: Владината коалиција работи на забрзување на процесот на евроинтеграции

Муртезани: Никогаш не сум рекол дека ќе излеземе од Владата ако нема уставни измени на крајот од годината