Нема средба за законот за обвинителство, опозицијата нема да се појави

Од:

Заедничката средба на парламентарните групи за законот за јавно обвинителство, нема да се одржи, поради отсуство на претставниците од ВМРО-ДПМНЕ, брифираат собраниски извори.

Министерката Рената Дескоска во текот на денот ќе има одвоени средби со партиите кои имаат амандмани за законот. Пратениците од помалите партии со министерката Дескоска треба да ги изнесат забелешките и да се договорат околу конечниот предлог текст на законот.

Преговорите на Дескоска со помалите партии, како што дознавме претставуваат обид да се обезбеди мнозинство од 80 пратеници со цел законот да се донесе до распуштањето на Собранието до 12 февруари.

Се очекува законот најдоцна до задутре да биде доставен до Собранието, за да се гласа до неговото распуштање. Инаку, по средбата од петок опозицијата побара да се прифатат забелешките на правните експерти и заедно со нив министерството да изготви амандмани за законот. ВМРО ДПМНЕ, кажаа дека нема да поднесуваст амандмани, но побараа списокот што го доставија со 60-тина забелешки на експертите од јавната радправа да се најдат во текстот на законот.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Комората на извршители и Министерството за правда

Потпишан е Меморандум за брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија

Филков: Без независно судство, правдата станува недостижна, а довербата на граѓаните се разнишува

Ефтимов: Кој ќе се огреши пред законот и Уставот ќе одговара

(ВИДЕО) Мицкоски: Секој оној којшто мисли дека ја изиграл правдата се лаже

Љупчо Коцевски избран за нов државен обвинител