Нема слободни викенди за затворениците следните 20 денови, Управата сака да ги заштити од коронавирусот

Од:

Нема слободни викенди, работни денови, одмори за затворениците во идните 20 дена. Посетите им се дозволени само со сертификат за вакцинација. Ова е одлуката на Управата за извршување санкции, како превенција од ширење на коронавирусот. Првиот човек на Управата, Марјан Спасовски, вели дека одлуката е донесена за да се заштити здравјето на лицата кои се притворени или издржуваат казна затвор, во моменти кога коронавирусот е широко распространет.

Времетраењето на рестрикцијата може и да се продолжи, доколку состојбата со коронавирусот не се подобри. За тоа ќе се одлучува пред истекот на дваесете денови. Засега, вирусот не е широко распространет во затворите и обидот на Управата е тоа да се спречи.

Ваква рестрикција имаше и во 2020 година. Тогаш беше донесена слична мерка, бидејќи состојбата со коронавирусот ескалираше, а имаше и над илјада заразени на дневно ниво. Откако состојбата се смири, затворениците продолжија да си ги користат привилигиите.

Би можело да ве интересира

Човекот кој ја уби сопругата додека нивното дете славеше роденден си пресуди во затвор

А1он

Филмско бегство во Германија: Србин побегна од затвор преку покрив

Руски опозиционер војната во Украина ja нарече катастрофа – доби 11 години затвор

А1он

Триесет дена притвор за осум лица по истрагата за штета од речиси 4,8 милиони евра на државниот буџет

Случај Јилдиз Веапоска: Три години затвор и пет години забрана за вршење дејност за гинекологот Асани кој и ги извади органите

Горан Наумовски

Полицијата го чува Саркози во затвор