Нема рокови за внесувањето на Бугарите во Уставот, но нема да се отворат ниту други прашања

Од:

Рокови нема зацртано за уставните амандмани, но треба да се имаат во предвид сите можности да се искористат, истакна претседателката на работната група Маргарита Цаца Николовска која ќе ги подготвува уставните амандмани преку кои ќе се внесат Бугарите во Уставот, што е предуслов за почеток на преговорите со ЕУ.

– Деловникот е едногласно прифатен, сега приоритет е што побрзо државата да ги презентира резултатите од обврската што ја преземала од меѓународниот договор. Сега засега не може да се отвораат други прашања за уставни промени, сега е важно да се направи нацрт-верзија за она што е важно. Не можам да ви кажам колку амандмани може да се изработат, ние треба да имаме одредени аргументи за нашите одлуки.

Работната група што треба да ја подготви предлог-иницијативата за измени на Уставот, денеска одржa седница на која на дневен ред беше усвојување на деловникот за работa.

– Прерано е да се дискутира за колку членови од Уставот ќе се интервенира – додаде Николовска и откри дека следната седница на работната група е на 26 мај.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Прво завршени преговори со ЕУ, па уставни измени, порача Мицкоски од Вашингтон

Катерина Ѓуровски

Имаме достоинствено решение на маса, а тоа се уставни измени се одложено дејство, истакна Мицкоски

Муцунски: Одбележуваме неславен јубулеј, 20 години од кандидатскиот статус и серија направени отстапки

Катерина Ѓуровски

Касами: Владината коалиција работи на забрзување на процесот на евроинтеграции

Муртезани: Никогаш не сум рекол дека ќе излеземе од Владата ако нема уставни измени на крајот од годината

Лајчак: Членството во ЕУ е најдобрата опција за Македонија, мој совет е да го ставите заедничкиот интерес над партиските интереси