Нема реакции од Османи кога Македонија се прогласува за бугарска, бурни осуди кога се навредува Бугарија

Од:

Бугарско знаме на споменикот на Гоце Делчев во Скопје. Изјави од европратеникот Ангел Џамбаски во кои вели: „Ние сме еден народ разделен со вештачка граница“, „Гоце Делчев е Бугарин“. Отворање на клуб со името „Ванчо Михајлов“ во Битола, герила акции од бугарски здруженија во кои македонски револуционери се претставуваат како Бугари. Ова се само мал дел од провокациите кои доаѓаат од Бугарија во изминатиот период. На речиси сите немало јавна реакција од Министерството за надворешни работи. Кога новинарите ќе побараат став дали ќе ги осудат провокациите од Бугарија, министерот Бујар Османи – молчи.

За разлика од овие примери, каде нема осуда, експресно имаше јавна осуда кога беше запален бугарскиот клуб во Битола. Имаше и осуда кога беше оштетен јарболот и тргнато знамето на Бугарија пред конзулатот во Битола. Иста реакција од МНР и Османи имаше кога на социјалните мрежи беше споделена објава каде се пали бугарското знаме. Последна во низата осуди е за однесувањето на македонските навивачи на вчерашниот натпревар меѓу Македонија и Бугарија.

„Министерството за надворешни работи упатува јавна реакција и осуда за вчерашниот израз на говорот на омраза што можеше да забележи во текот на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Северна Македонија и Бугарија“, велат во реакцијата.

Новинарите побараа став од МНР дали на исти ваков начин ќе го осудат говорот на омраза што го шират бугарски активисти на социјалните мрежи, за што им се испратени и фотографии. На ова, има само молк.

Премиерот Димитар Ковачевски, пак, негира дека немало реакции од МНР. Се осврна на вчерашните случувања и ја оправда осудата на МНР.

„Не е точно дека не сме реагирале. Ние секогаш реагираме кога има дејства кои нарушуваат углед по  кој било основ. Министерството реагираше вчера, но реагиравме и при еден друг натпревар. Сметам дека најдобар начин да се навива е да се бодри сопствениот тим и да се почитуваат противниците. Тоа важи за нас, но и за нашите противници“, кажа Ковачевски.

За потсетување, пред четири месеци претседателот на фудбалскиот клуб Славија, Венцислав Стефанов, рече: „Моето потекло е од Битола, ама јас не сум Македонец, јас сум Бугарин. Тие кои се прават големи патриоти сакам да знаат дека Македонија е југозападна Бугарија. Ја кажувам вистината, гајле ми е. Знам каде е родното место на цар Самоил и знам дека Македонија е југозападна Бугарија“. На ова немаше реакција од МНР.

Провокација имаше и за време на фестивалот „Браќа Манаки“ на почетокот од месецов. Поранешниот бугарски министер за одбрана и нов амбасадор во САД Георги Панајотов во интервју за „Гласот на Америка“ кажа дека Манаки имаат одговорност за депортацијата на Евреите од Битола во 1943 година.

Многу епизоди од холокаустот остануваат да се разјаснат. Еве еден пример, како е можно браќата Манаки да се слават како херои во сегашна Северна Македонија кога тие ја одиграа клучната улога во регистрацијата на битолските Евреи кои требаше да бидат депортирани“, рече Георги Панајотов, на што МНР, како и претходно, немаше реакција.

Европратеникот од Бугарија Ангел Џамбаски испрати провокација кон македонскиот народ и по повод 126 години од раѓањето на водачот на историското ВМРО, Иван Ванчо Михајлов.

„Ние сме еден народ разделен со вештачка граница“, напиша тој, на што немаше јавна реакција од МНР.

Би можело да ве интересира

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов

МНР: Ниту едно ДКП нема инструкции да доставува ноти до земјите на акредитација

Горан Наумовски

МНР: Има доволно патни листови во дипломатско-конзуларните претставништва, издавањето е без надомест

Горан Наумовски

30 евра чини патниот лист за граѓаните со неважечки пасош кои треба да се вратат во Македонија

Орце Костов

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

Орце Костов