Кривичниот совет во Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалби на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, доставени против решение на судија на претходна постапка, со кое се одбива предлогот на обвинителството за определување мерка притвор за лицата Е.Т.,М.Ј., М.П. и К.М., донесоа решенија со кои:
– Кривичниот совет составен од тројца судии по секој поединечен предмет по жалба на обвинителството во кој како членови на совет учествуаа сите судии од Одделот за организиран криминал и корупција донесе решение со кое жалбите на обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за лицата Е.Т., М.Ј. М.П., и К.М., се одбиваат како неосновани, а решението на судија на претходна постапка се потврдува.
Постапувајќи по жалбите поднесени од обвинителството советот почитувајќи го законски предвидениот рок донесе решенија кои во текот на денешниот ден беа писмено изработена и експедирани до странките.
Против овие решенија не е дозволено право на жалба, се вели во соопштението на Кривичниот суд.